Академија Пандев против Скопје во второто коло од ПМФЛ

A75_0336-696x464

Екипата на Академија Пандев во недела со почеток од 17 часот на домашен терен ќе игра против ФК Скопје во натпревар од второто коло од Првата македонска фудбалска лига.

Во минатото коло Академијата одигра нерешено на дуелот против Шкупи, додека ФК Скопје на гостувањето во Кратово загуби минимално од 1:0 од Силекс.

Во однос на меѓусебните дуели, овие две екипи имаат одиграно вкупно 3 натпревари. Првиот натпревар заврши со победа од 2:0 за Академија Пандев, додека вториот со победа за Скопје од 3:2.

Третиот натпревар одигра на 27 мај оваа година завршил со резултат од 1:1.

Академија Пандев е благ фаворит на овој натпревар поради тоа што игра на домашен терен и пред своја публика.

Comments are closed.

popup11