Уредете ја вашата дневна соба според Фенг Шуи и создадете позитивна енергија во домот

Фенг Шуи техниката уште одамна се користела за да создаде позитивна енергија во домот. Техниката се користи за да се создаде слободен проток на позитивна вибрации во домот, која ќе се рефлектира и врз вашето расположение. Еве неколку лесни совети како да ја уредите вашата дневна соба според Фенг Шуи:

FENG

  • Помалку е повеќе! Мебелот треба да зафаќа колку што е можно помалку простор, да биде минимален и навистина неопходен. Сѐ што е претерано многу, покрај што изгледа невкусно и натрупано, го блокира слободниот проток на позитивната енергија во домот, а со самото тоа се предизвикува негативно расположение;
  •  Бидете сигурни дека имате доволно природна светлина која го осветлува целиот простор во дневната соба. Не ставајте дебели завеси на прозорците туку искористете го целиот нивни расположлив простор. На местата на кои тешко допира дневна светлина поставете вештачко осветлување, кое во комбинација со природната дневна светлина дневната соба ќе ја претвори во најпозитивната просторија од вашиот дом;

90769__living-room-wood-dark-heavy

  • Центарот на вашата дневна соба да биде секогаш отворен, да нема никакви предмети, маса и столови во средината на собата. На овој начин ќе ѝ дозволите на енергијата слободно да се движи низ целиот простор, без да наидува и да се одбива од разни предмети;
  •  Бојата на ѕидовите треба да ја одразува рамнотежата помеѓу елементите на земјата, дрвото, водата, металот и огнот во целиот дом. Доколку одлучите бојата на ѕидовите во дневната соба да биде во неутрална крем боја, тогаш ѕидовите на друга просторија од домот обојте ги во спротивна боја, на пример во јако црвена. На овој начин ќе се постигне баланс кој ќе придонесе за изедначување на енергијата во целиот дом.
  • Не го уредувајте мебелот во облик на буквата L бидејќи на тој начин само ќе создадете нерамнотежа во просторот, домот и околината;

Време е за акција!

feng-shui-living-room-aquarium-300x218

Comments are closed.

Capture