Отворен конкурс за аплицирање на предкацелераторска програма- Start Up Academy во Струмица

Start Up Academy од Скопје, го објави конкурсот за аплицирање на 10 неделна пред-акцелераторска, практична програма за граѓаните на Струмица и регионот во соработка со CEED HUB Skopje, а со поддршка на Проектот на USAID за микро и мали претпријатија. 
startup academy logoУчесниците со оваа интерактивна програма се стекнуваат со потребните вештини за: валидација и тестирање на бизнис идејата, истражување на пазарот и потенцијалните клиенти, започнување и водење на сопствен бизнис, планирање на инвестиции,  практична работа со докажани и искусни професионалци, создавање на локална заедница на претприемачи и стартапи.
Програмата е бесплатна, но задолжително е пријавување во тимови од најмалку 2, а најмногу 4 членови (барем 1 член од тимот, потребно е да познава англиски јазик).
Аплицирањето е заклучно со 12.09.2017, на следниот линк: http://startupacademy.mk/apply/
Online повикот е на следниот линк: http://startupacademy.mk/the-academy/application-requirements/

Comments are closed.

popup11