Турново му гостува на Тетекс

Фудбалерите на Хоризонт Турново денес гостуваат кај Тетекс во натпревар од фудбалскиот Куп.

Турново ќе биде благ фаворит со оглед на тоа како ја одиграа минатата сезона во споредба со Тетекс, но тетовчани ќе ја искористат приликата што играат на домашен терен и пред своја публика за победа.

Teteks - Turnovo - VMFL - 2 kolo 2

Турново и Тетекс имаат одиграно вкупно 24 меѓусебни натпревари, од кои Турново има добиено 11, Тетекс победил на 10 натпревари, додека 3 натпревари завршиле без победник.

Натпреварот се игра денес со почеток од 17 часот.

Comments are closed.

  vtoro122