Реализација на стратешки приоритети од стратегијата за образование на општина Струмица

Тргнувајќи од определената визија на стратегијата за образование на општина Струмица дека „Образованието е темел за слободата и интегритетот на граѓаните“, со која преку сеопфатен инклузивен процес на стратешко планирање се овозможи да се донесат стратешките приоритети групирани во однос на четирите перспективи: задоволни граѓани, обезбедување услуги, развој на капацитетите и управување со буџетот, во рамките на развојот на капацитети, во текот на летниот период во дел од училиштата се реализира едукација и стручно усовршување на наставниот кадар.

1 (1)Во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од село Дабиље наставниот кадар ја следеше едукацијата за „Оценувањето како фактор за подобрување на квалитетот на наставата-форми, техники, алатки и инструменти за оценување“, а во СОУ „Никола Карев“ од Струмица беше презентирана и темата „Изготвување индивидуален план за професионален развој на наставникот“. Предавачи беа проф. Д-р Константин Петковски и м-р Наташа Петровска.2

Општина Струмица ќе продолжи да го зголемува уделот во буџетот на Општината наменет за образованието и преку зајакнување на капацитетите на човечките ресурси во Општинската администрација, со соработка и вклучување на бизнис секторот, ќе се стреми да ги зголеми инвестициските вложувања, посебно во делот на приспособувањето на образованието и стандардите за испорака на квалитетно образование според потребите на пазарот на трудот.е4

наменет за образованието, потоа преку зајакнување на капацитетите на човечките ресурси во Општинската администрација 

Comments are closed.

  vtoro122