Природни лекови кои веднаш го намалуваат високиот крвен притисок

Високиот  крвен притисок се смета како тивок убиец. Тоа е болест на модерното време. Брзиот ритам на живот и менталните и физичките притисоци предизвикани од зголемената индустријалност и метрополитската околина играат главна улога во причинувањето на високиот крвен притисок. 

th

Спречете го тивкиот убиец со следниве природни продукти:

ЛУК
Лукот се смета за едикасен лек кога е во прашање намалувањето на крвниот притисок бидејќи ги намалува спазмите на малите артерии. Лукот го намалува пулсот и го модифицира ритамот на срцето, освен тоа, ја намалува вртоглавицата, зашаматеноста, како и формирањето на гасови внатре во дигестивниот тракт. Консумирајте го во форма на свежи чешниња или во форма додаток во капсули,  две до три капсули на ден.

ИНДИСКА РИБИЗЛА 
Уште еден ефикасен лек против висок крвен притисок. Една лажица од овој сок заедно со мед се промешува и се зема секое утро за надминување на оваа состојба.

th (2)

ЛИМОН

Многу корисна храна за контролирањето на високиот крвен притисок. Богат е со витамин П кој се наоѓа во кората и во сокот на ова овошје. Овој витамин е клучен за заштита кревките капилари од пукање.

ОРИЗ 
Оризот е немасна и храна која нема холестерол и сол. Тој е совршен за диета за оние кои патат од хипертензија и на кои им се советува диета без сол. Калциумот кој се наоѓа во кафеавиот ориз, всушност го смирува и релаксира нервниот систем и помага кај отстранувањето на симптомите на висок крвен притисок.

МАГДАНОС 
Магданосот е многу корисен против високиот крвен притисок бидејќи содржи елементи кои можат да ги одржуваат крвните садови, особено капиларите. Тој го одржува системот на артерии во здрава состојба. Консумирајте го како пијалок со провривање на 20гр на свежо лисје на магданос во 250мл вода неколку минути. Ова може да се пие неколку пати на ден.
magdanos

Comments are closed.

  vtoro122