Беласица денес против Пелистер

Фудбалерите на Беласица денес на домашен терен ќе играат против битолски Пелистер во рамките на фудбалскиот Куп на Македонија.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Беласица ќе ја искористи можноста што игра на домашен терен и пред својата публика за победа над прволигашот Пелистер кои игра во одлична форма.

Во нивните три меѓусебни пресметки Пелистер има една добиено, додека двете завршиле без победник.

Во првата одиграна во 2011 година во рамките на Втората лига, Пелистер со 4:1 на домашен терен го победил струмичкиот клуб.

Вториот натпревар одигран исто така во рамките на Втората лига, Беласица на домашен терен одиграла 0:0 против Пелистер.

Минатата година Беласица и Пелистер го одиграле нивниот последен меѓусебен дуел кој завршил со резултат од 2:2 во регуларните 90 минути. По изведувањето на пенали битолчани победиле.

Натпреварот се игра денес со почеток од 17:00 часот.

 

Comments are closed.

popup11