Академија Пандев на петтото место во Првата лига

Во саботата и неделата беше одиграно првото коло во Првата македонска фудбалска лига, а во оваа коло беше одигра и дуелот помеѓу Шкендија и актуелниот шампион Вардар. Овој натпревар заврши со резултат од 2:0 за тетовци, со што Шкендија е прва на табелата додека шампионот Вардар е последен на табелата со нула бодови.

Пелистер на гостувањето кај Победа, ја забележа првата победа со резултат од 1:2 со што клубот од Битола е на второто место на табелата во ПМФЛ, додека Победа е на осмата позиција.

PMFL 1 kolo

Силекс е третиот клуб кој во оваа коло дојде до победа. Иако минимална со 1:0 над ФК Скопје, кратовци обезбедија три бода и се наоѓаат на третото место.

Шкупи на домашен терен ремизираше играјќи 1:1 со Академија Пандев. Клубот од Чаир со 1 бод е пласиран на четвртото место, додека клубот од Струмица е на петтото место исто така со 1 бод.

Работнички и Ренова одиграа без погодоци (0:0), и со по 1 бод се наоѓаат на 6-тото односно 7-мото место на табелата во ПМФЛ

Comments are closed.

  vtoro122