Академија Пандев на домашен терен против ФК Скопје

Во недела со почеток од 17:00 часот се игра второто коло од Првата македонска фудбалска лига.

Академија Пандев во оваа коло на домашен терен ќе игра против ФК Скопје, клуб кој заедно со Пандевци од оваа сезона се натпреварува во Првата лига.

20250981_10210141289270664_610490968_o-696x3985

Овие две екипи во рамките на Втората лига, минатата сезона одиграа три меѓусебни натпревари. Првиот натпревар одигра на 15 октомври минатата година заврши со резултат од 2:0 за Академија Пандев која играше на домашен терен.

Вториот натпревар во кој ФК Скопје беше домаќин заврши со резултат од 3:2 за домаќините. Во третиот натпревар одигра на 27 мај оваа година, каде Пандевци беа домаќини, резултатот беше 1:1.

Во минатото коло Академија Пандев одигра 1:1 со Шкупи на гостински терен, и беше блиску до победа, додка Скопје на гостување во Кратово кај Силекс загуби минимално со резултат од 1:0.

 

Comments are closed.

  vtoro122