Од градскиот плоштад во последните три фестивалски вечери собрани 75 метри кубни отпад

Шестото издание на „Струмица опен фестивал“ заврши на градскиот плоштад кој беше преполн со луѓе кои до раните утрински часови уживаа во музичката понуда на последна музичка вечер. 20841921_1380871638632929_952871807386939825_nПо нивното заминување, екипите на Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ започнаа со собирање на отпадот и метење на плоштадот. Според Бранко Горѓиев, раководител на единицата „Чистота“ најголем дел од отпадот е собран, а остатокот ќе биде собран по отстранувањето на сите поставени шанкови. По целосното собирање на отпадот, целата површина на градскиот плоштад ќе биде измиена со специјално средство за гранитни плочки, со што најдоцна до среда, плоштадот „Гоце Делчев“ ќе биде комплетно исчистен.
Во трите последните фестивалски денови од градскиот плоштад биле собрани 75 метри кубни отпад.20881962_1380871788632914_2702674479391441312_n

Comments are closed.

  vtoro122