Колку време трошиме на диета ?

Истражувањето покажа дека просечната жена во текот на својот живот може да биде на некој вид диета дури 9.1 пати.

Диетите влегуваат и излегуваат од мода, една сезона една диета е хит, следната сезона друга диета е хит, сепак, едно не се менува: дури 90 отсто од жените барем еднаш во својот живот се обиделе да ја намалат својат тежина. Експертите пресметале дека жените трошат во просек неверојатни 17 години од својот живот на диети.

199372183505a0eea34077633201425_v4 big

На оние кои се верни на строг режим на исхрана, во текот на својот живот ќе се обидат да ја намалат својата телесна тежина повеќе од девет пат. Истражувањето исто така, покажа дека просечната жена е на диета, два пати годишно.

Податоците околу просечната старосна граница на жената, покажаа дека изнесува 82 години и дека во просек имаат 69 килограми, па ако започнете со диети од 18 години, ќе ослабеете 9,1 пат, а ако на диети поминете седум недели два пати годишно, на диети ќе потрошите 17,2 години.

„За диети лесно се одлучуваат кога постои посебен повод или кога не се задоволни со нивниот изглед. Држењето на диета и губењето на килограмите е тешка задача која бара сериозна посветеност“, вели Кивен Дурен, основачот на компанијата Chef od Diet Chef која го направи оваа истражување.

Тесната облека е еден од главните мотиви за диета (52 отсто), а љубовта спрема храната (35 отсто) и недостанок на волја (33 отсто) е главната причина зошто диетите се обично неуспешни.

Comments are closed.

  vtoro122