Фудбалерите на Академија Пандев вчера го одиграа својот прв официјален натпревар во рамките на 1. коло од Првата македонска фудбалска лига. Струмичкиот клуб натпреварот го одигра против Шкупи на гостински терен играјќи 1:1.
Првото полувреме од оваа средба заврши без погодоци. Во вториот дел од натпреварот први во водство дојдоа гостите со погодокот на Дориев во 77. минута од натпреварот. Фудбалерите на Шкупи преку Демири во 89. минута израмнија на 1:1 што воедно тоа беше и конечниот резултат на оваа средба.
Академија Пандев со 1 бод сега се наоѓа на петтото место на табелата во ПМФЛ.
Првото коло започна во саботата помеѓу Шкендија и Вардар. Овој натпревар беше дерби на колото кое заврши со убедлива победа за тетовци од 2:0 над актуелниот шампион.
Работнички и Ренова ги победлија бодовите откако одиграа без погодоци 0:0.
Силекс во Кравото со минимална победа од 1:0 го совлада новиот прволигаш Скопје.
Победа на домашен терен со пораз ја започна новата сезона, откако со 1:2 загуби од битолски Пелистер.
Следното коло е закажано во недела, 20 август со почеток од 17:00 часот.
Comments are closed.