Дознајте зошто мажите имаат поголем нос од жените

Сте приметиле ли дека носот кај мажите е поголем во однос на носот кај жените? Еве зошто:

noseee

Машките носеви се за околу 10% поголеми од оние на жените, заклучува новото истражување што било спроведено на Универзитетот во Ајова.

Научниците смеаат дека разликата во големината на носот се јавува како резултат на половите разлики во градбата и потрошувачката на енергија. Мажите имаат поголема мускулна маса за која е потребно многу повеќе кислород кој ќе овозможи раст и развој на мускулното ткиво. Поголемиот нос значи повеќе кислород кој може да се транспортира преку крвта до мускулите.

nose

Разликата меѓу мажите и жените во големината на носот започнува да се забележува на околу 11 годишна возраст, кога обично започнува пубертетот. Физиолошки гледано, кај машките започнува да се развива повеќе мускулна маса, додека кај женските се складира повеќе масно ткиво.

На истиов начин се објаснува зошто нашите претци имале поголем нос од денешниот човек. Истражувачите веруваат дека луѓето од иднината ќе имаат уште помали носеви од денешните.

dd2e5315217615861543883973d2d18c

 

Comments are closed.

  vtoro122