ТЕСТ: За 5 секунди откријте колку сте паметни!

На следниве 5 прашања морате да одговорите веднаш без одолговлекување. Подготвени?

smart

Прво прашање:

Учествувате во трка. Го претркавте вториот по ред. Кое место сте вие?

Второ прашање:

Ве молиме само не размислувајте толку долго како за првото.

Доколку во трката го претркате последниот, тогаш на кое место сте вие?

Трето прашање:

Трик математика! Ова ќе морате да го решите без дигитрон или пенкало. Земете 1000 и додајте 40. Сега додадете уште 1000. Па додајте 30. Додајте пак 1000. Додадете уште 20. Па додајте 1000. Сега додајте 10. Колку вкупно добивте?

Четврто прашање:

Таткото на Марија има пет ќерки: 1-ва Нана, 2-ра Нена, 3-та Нини, 4-та Ноно. Како се вика петтата ќерка?

Петто прашање:

Нем човек сака да купи четкичка за заби. Како го прави тоа? Имитирајќи ги потезите при миење заби успева на продавачот да му објасни што бара.

А доколку слеп човек сака да купи темни наочари за сонце, како ќе му го објасни тоа на продавачот?

smart 1

Извор: www.popara.mk

Comments are closed.

popup11