Откријте го вашиот карактер според виното кое го пиете

Народот вели дека во виното е вистината. Токму така. Виното кое го пиете, многу кажува за вашиот карактер. Еве зошто:

wine-bottles

ЦРНО ВИНО

 

Според истражувањето на винаријата „French Wines with Style”, љубителите на црното вино во главно се богати, образовани и задовоолни од животот. Повеќе од половина од лицата кои редовно го пијат овој вид на вино имаат академска диплома и добро заработуваат. Повеќето од нив се во брак и почесто пијат. 81 % од нив се среќни и задоволни на работното место.Повеќе од 80 % се среќни во врската и со моменталниот партнер. Четвртина од оние кои уживаат во црното вино успеваат годишно трипати да отпатуваат надвор од земјата.

wine (1)

БЕЛО ВИНО

Љубителите на белото вино се ведри лица кои уживаат во домашната атмосфера. Тие претпочитаат чаша бело вино покрај камн во интимно друштво отколку отмени ресторани и скапи вина. Овие луѓе во главно се задоволни од својот статус во кариерата па затоа многу многу не се заморуваат со унапредување. Љубителите на белото вино обично летуваат во својата земја. Заработуваат просечно, а само 43% од нив има диплома. Дури 80% од нив изјавиле дека уживаат во својот соло статус, што упатува на тоа дека тие лесно би можеле да останат самци.

РОЗЕ ВИНО

Љубителите на розе вино најчесто можете да ги видите дома, како повеќепати го посетуваат својот профил на социјалните мрежи. Образованието на повеќето од овие лица завршило кога имале 18 години  и заработуваат најмалку од сите други.

WineRotator-2000x925

 

Comments are closed.

popup11