На 26 септември дерби дуел помеѓу Турново и Беласица

Од оваа сезона во Втората лига – Исток, Струмица ќе има двајца претставници, Хоризонт Турново и Беласица.

Турново пред две сезони ја напушти Првата македонска фудбалска лига, додека Беласица од оваа сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Исток.

Teteks - Turnovo - VMFL - 2 kolo - Copy

Нивниот меѓусебен дуел е закажан за 26 септември со почеток од 15:30 часот, со што овој натпревар ќе биде дерби дуел на колото.

Оваа ќе биде првиот натпревар од оваа сезона во кој ќе се сретнат овие две екипи во рамките на Втората лига – Исток. Натпреварот ќе се одигра на „Кукуш“, со што Турново ќе има блага фаворитска улога бидејќи игра на домашен терен и пред својата публика.

Овој натпревар е во рамките на 5-тото коло.

 

Comments are closed.

1