Вечерва се отвора големата музичка сцена на „Струмица опен фестивал“

Од вечерва се отвора големата музичка сцена на „Струмица опен фестивал“. Започнуваат трите музички вечери со многу ѕвезди кои на публиката ќе и понудат незаборавни музички доживувања за сите генерации. Големата опен фест сцена ќе ја отворат Гаро и браќа Тавитјан со специјалните гости од Балканот, популарните Сергеј Четковиќ, Жељко Бебек и Јелена Томашевиќ, познатиот српски и екс–ју бенд Галија, а првата музичка вечер ќе заврши со електронската музика на Александар Галоски и Пата Пата рекордингс.20664073_1378202895566470_7781665454263826116_n

Богатата фестивалска музичка програма продолжува утревечер со настапите на македонската поп пејачка Дани Димитровска, рок-составот Ван Гог и една од најпопуларните балкански пејачки Јелена Розга. На последната фестивалска вечер во недела на големата ОПЕН ФЕСТ сцена, ќе настапат Нино Величковски, Queen Real Tribute, електронските дуа Disconnected и Cyrillic, а честа да го затвори фестивалот годинава му припадна на најпопуларниот балкански кантавтор Дино Мерлин со прв и ексклузивен концерт пред струмичката публика.

Инаку, во рамките на фестивалот, синоќа, покрај езерцето се одржа вечер на афоризми, а во летниот амфитеатар STAND UP COMEDY со Никола Тодороски.

20708313_1378202902233136_3799455392585010849_n 20727887_1378203162233110_1130065301482260598_n 20729499_1378203142233112_8690803139674676657_n 20729549_1378202898899803_8397166423811391093_n

Comments are closed.

popup11