Академија Пандев против Шкупи за прва победа во ПМФЛ

Фудбалскиот клуб Академија Пандев од оваа сезона за прв пат ќе се натпреварува во Првата македонска фудбалска лига, откако овој клуб е формиран. Во првото коло кое што се игра во недела, Пандевци првиот натпревар ќе го одиграат на гостински терен против Шкупи.

Akademija Pandev - Ljubanci Kavadarci

Овие два фудбалски клуба досега имаат одиграно два меѓусебни натпревари во рамките на Купот на Македонија. Првиот натпревар одигра на 21 септември минатата година заврши со резултат од 0:1 на Шкупи кој гостуваше кај Пандевци. Во вториот натпревар клубот од Чаир на домашен терен со 3:1 го совлада новиот прволигаш.

Клубот од Струмица во рамките на Втората лига одигра многу добра сезона, а тоа се потврдува со 21 победа, 3 ремиа и само 3 порази, при што постигнаа 69 погодоци со што беа најефикасни, и примиа само 24 со што исто така ја имаа и најдобрата одбрана во рамките на Втората лига во минатата сезона при што имаа освоено вкупно 66 бодови.

Шкупи минатата сезона заврши на осмата позиција во рамките на Првата лига со 37 освоени бодови. Овој клуб имаше 8 победи, 13 ремиа и дури 15 порази, при што имаа постигнато вкупно 27 погодоци, а примено 39. Шкупи преку бараж со Новаци успеа да опстане во Првата лига.

Академија Пандев за оваа сезона имаше неколку засилувања со што можеме да очекуваме дека струмичани би можеле да дојдат до победа во овој натпревар.

Клубот од Чаир е благ фаворит со оглед на тоа што игра на домашен терен и пред својата публика.

Натпреварот се игра во недела со почеток од 17 часот.

 

Comments are closed.

popup11