Турново против Брегалница во првото коло од Втората лига – Исток

Турново втора сезона по ред ќе се натпреварува во Втората лига, откако пред две сезони ја напушти најсилната македонска фудбалска лига.

Хоризонт Турново во првото коло на „Кукуш“ силите ќе ги одмере против ланскиот прволигаш Брегалница од Штип. Овој натпревар ќе биде дерби на колото, помеѓу двата поранешни прволигаши.

Turnovo - Metalurg 15.05.2016 5

Турново пред крајот на минатата сезона одигра одлични натпревари и беше сериозен конкурент за третото место од Втората лига, кое преку бараж водеше до Првата лига, додека Брегалница која одигра катастрофална сезона и заврши на 9-тото место со само 4 победи, 12 ремиа и дури 20 порази директно испадна од Првата лига, и од оваа сезона ќе се натпреварува во Втората лига – Исток.

Натпреварот се игра на 27 август со почеток од 16:30 часот.

 

Comments are closed.

popup11