По една сезона пауза Струмица повторно ќе има клуб во ПМФЛ

Откако пред две сезони Хоризонт Турново ја напушти Првата македонска фудбалска лига, Струмица минатата сезона немаше претставник во најсилната македонска фудбалска лига. Од оваа сезона Струмицачни ќе навиваат за Академија Пандев, клуб кој ќе се натпреварува во Првата лига.

A75_0336-696x464

Пандевци минатата сезона завршија на Првото место во Втората лига и директно се пласираа во Првата македонска фудбалска лига.

Академијата во Првата лига ќе се натпреварува заедно со Победа од Прилеп, Пелистер од Битола, Работнички од Скопје, Шкендија од Тетово, ФК Скопје од Скопје, Силекс од Кратово, Вардар од Скопје, Шкупи од Чаир, Скопје и Ренова од Џепчиште, Тетовско.

Comments are closed.

  vtoro122