На 27 август започнува новата сезона од Втората фудбалска лига Исток и Запад

На 27 август започнува новата сезона од Втората македонска фудбалска лига Исток и Запад.

Новитет од оваа сезона е тоа што Втората лига сега е поделена на Исток и на Запад. Во двете втори лиги ќе има по 10 фудбалски екипи.

Во Исток ќе се натпреваруваат следниве 10 екипи: Турново, Беласица, Брегалница, Тиквеш, Осогово, Гевгелија, Саса, Плачковица, Борец и Победа Валандово.

14463285_773521602789922_242531014864878816_n

Во Запад ќе се натпреваруваат следниве 10 екипи: Македонија ЃП, Тетекс, КФ Гостивар, Локомотива Скопје, Новаци, Еуромилк, Зајази, Велазерими 77, ФК Струга Трим и Лум и Лабуништа.

Од Струмица во рамките на Втората лига Исток ќе се натпреваруваат два фудбалски клуба. Поранешниот прволигаш Турново, кој од минатата сезона се натпреварува во Втората лига и Беласица која што минатата сезона ја заврши на првото место во Третата лига – Исток и од ова сезона ќе се натпреварува во Втората лига Исток.

Првото коло и во двете втори лиги започнува на 27 август со почеток од 16:30 часот.

Comments are closed.

popup11