Во недела започнува Првата македонска фудбалска лига

Во недела започнува новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Првото коло ќе се одигра на 13 август со почеток од 17:00 часот.

Од оваа сезона Струмица повторно ќе има клуб кој што ќе се натпреварува во Првата лига.

Trening AP -2

Дебитантот Академија Пандев во првото коло му гостува на Шкупи, клуб кој минатата сезона заврши на осмото место и преку бараж против второлигашот Новаци успеа да избори опстанок во Првата лига.

Победа во првото коло силите ќе ги одмери со Пелистер, додека Работнички дома ќе игра против Ренова.

Силекс во Кратово ќе го пречека новиот прволигаш Скопје, додека Шкендија на домашен терен ќе ги одмери силите со шампионот Вардар со што овој дуел ќе биде највозбудлив во првото коло.

Сите натпревари се играат со почеток од 17:00 часот.

Comments are closed.

Capture