Уште две успешни содржини на “Струмица Опен Фестивал”.

Синоќа, во рамките на четвртион фестивалски ден на “Струмица Опен Фестивал”, на сцената на летниот амфитеатар во струмичкиот градски парк, се одржа завршниот концерт од четвртата летна школа за гитара. 20622020_1375500402503386_2211464766547622634_nНа концертот настапија дваесеттина од вкупно 70 деца кои беа дел од летната школа, под раководство на м-р Васко Пиличев и Дејан Лазаревски, а на концертот му претходеше и предавање од еминентниот македонски гитарист Влатко Стефановски. На отворената сцена, пак, кај “чешмичката” се одржа 23 музички среби на лицата со телесен инвалидитет во организација на “Мобилност Македонија” на кои настапија 14 интерпретатори на македонски народни песни, од повеќе градови од Македонија.Вечерва, на петтиот фестивалски ден на “СОФ” ќе се одржи традиционалната трка на келнери и џез вечер со Владимир Четкар.20621880_1375500239170069_5251341829544897579_n 20638954_1375499339170159_8772429808406928651_n 20664792_1375502385836521_731806530771608570_n 20708004_1375500069170086_2625885090810622450_n 20708047_1375499509170142_6743885034361320762_n

Comments are closed.

  vtoro122