Дени Петров од „Хепинес“ стана најбрзиот и највешт келнер на синоќешната “Трка на келнери“

Дени Петров од „Хепинес“ стана најбрзиот и највешт келнер на синоќешната “Трка на келнери“ која се одржа во рамките на петтиот фестивалски ден од “Струмица опен фестивал“. Второто место го освои Иле Василев од „Концепт“, а како третопласиран заврши Трајче Николов од „19-ка“. Наградите на тројцата најбрзи келнери им ги врачи в.д. градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов.20626844_1375635205823239_3819063854633608284_o
Љубителите пак на џез музиката, синоќа уживаа во настапот на познатиот џез музичар и композитор, Владимир Василевски – Четкар.
Вечерва, на шестиот ден од „Струмица опен фест“ ќе се одржи „Вечер на поезија“, на која, крај „езерцето“, свои стихови ќе читаат поетите Сузана Мицева и Дарко Лешовски, а потоа, во летниот амфитеатар, ќе се случи „Вечер на филм“ за љубителите на „седмата уметност“.20689578_1375635759156517_7398708610600702019_o 20689511_1375636482489778_4142885827149322141_o 20645499_1375635252489901_2680806382760042071_o 20627065_1375635245823235_5087758972947760705_o

Comments are closed.

popup11