Вечер на поезија покрај езерцето во паркот

Во склоп на Струмица Опен фестивал оваа вечер ќе се одржи Вечер на поезија покрај езерцето во паркот каде струмичани ќе можат да слушнат дел од убавите зборови напишани од Сузана Мицева и Дарко Лешоски.20476471_1343257342439311_2549572677879373395_n

Сузана Мицева е мајка, сопруга, новинар и автор која за себе вели дека секојдневните обврски поврзани со професијата за неа всушност претставуваат катализатори со уметноста. Нејзината стихозбирка „Мостот на Копнежите“ е добитник на наградата Антологија на болката.
Дарко Лешоски е поетот на денешницата. Неговите песни изобилуваат со љубов, со онаа вистинската, чиста, недопрена, неизгнасена љубов која се плаши да излезе на виделина и да го зароби злото.

Comments are closed.

  vtoro122