Влатко Стефановски одржа час по гитара во ОМУ „Боро Џони” во Струмица

Во преполна сала најпознатиот македонски гитарист Влатко Стефановски ги почести младите гитаристи со свој едночасовен мастер клас.

Влатко Стефановски беше специјален гостин-предавач на последниот ден од четвртата Летна школа за гитара која се одржува во Струмица од 4 до 6 август. 
DSC03095 - Copy
На присутните во концертната сала во ОМУ „Боро Џони” гитаристот им зборуваше за неговиот  40-годишен пат, споделуваше трикови, пееше, свиреше и расположено разговараше со посетителите.

Вечерва на програмата на фестивалот е завршниот концерт на учесниците од Летната школа за гитара предводени од м-р Васко Пиличев и м-р Дејан Лазаревски. Настанот ќе започне од 21:00 часот во Летниот амфитеатар. Втор настан за денес е концертот на лицата со телесен инвалидитет – Мобилност од 22:00 часот на сцената кај Чешмичката. DSC03110 - Copy

Comments are closed.

popup11