Спомен – куќата на Благој Јанков – Мучето

Во близина на малиот градски парк, на улицата ,,Светозар Марковиќ’’ број 1, се наоѓа спомен куќата на народниот херој Благој Јанков Мучето.

Куќата е едноспратна и се состои од 4 соби. Двете соби се со автентичен мебел од времето кога Благој бил шивачки работник во Струмица, а останатите две се музејска поставка во која се сместени личните предмети, фотографии и документи за животот и делото на познатиот револуционер кој  загинал на портите пред Градскиот парк во Струмица, прогонуван од бугарската полиција.

Куќата е изградена во 1924 година, а во 2011 е реновирана за прв пат.

2

Comments are closed.

  vtoro122