Костадинов: Општина Струмица и годинава со љубов го поддржа овој фестивал и со љубов ги кани сите луѓе да бидат дел од сите фестивалски содржини

Струмица од синоќа почна да живее во духот на вистинските културни вредности направени со љубов за шестото издание на „Струмица опен фестивал“. Фестивалските содржини започнаа пред библиотеката „Благој Јанков Мучето“, а фестивалот за отворен го прогласи вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.

20525645_1385687984881109_2912761892093643909_n-Вечерва Струмица и струмичани го празнуваат почетокот на шестото издание на „Струмица опен фестивал“, го празнуваат фестивалот кој подеднакво го сакаат и децата, и младите и старите. Тоа наше празнување ќе трае цели 11 денови, почнувајќи од вечерва, па се до 13. август. Единаесет денови, нашите срца ќе бијат во ритамот на музиката и забавата и во духот на вистинските културни вредности. Сето тоа ќе се случува на шест отворени сцени со 20 разновидни содржини, преку кои ќе биде свртено вниманието на граѓаните од Струмица и надвор од неа, од различни генерации и со различни интереси и вкусови. Тоа го прави „Струмица опен фестивал“ различен од сите други летни фестивали во Македонија и поширокиот регион. Тоа и нас треба да не прави среќни и горди, затоа што сме дел од оваа амбиентална посебност, затоа што си ја сакаме Струмица. Ако организаторите од „Културен забавен живот“ велат дека тоа што ќе се случува во рамките на овогодинешниот „Струмица опен фестивал“ е „направено со љубов“, тогаш нам ни преостанува на љубовта да возвратиме со љубов. А така, Општина Струмица и годинава со љубов го поддржа овој фестивал и со љубов ги кани сите добри луѓе со добра мисла, да бидат дел од сите фестивалски содржини. Ајде да уживаме во понуденото. Ајде да ги отвориме срцата и душите за сите добронамерници. Ајде да бидеме добри домаќини. Шестиот „Струмица опен фестивал“ го прогласувам за отворен, рече Костадинов.20604726_1385687741547800_375053842550818619_n

Фестивалските содржини продолжуваат вечерва во летниот амфитеатар со италијанска вечер со Васил Гарванлиев која што ќе започне во 21 часот, а ќе продолжи со рок концерт кај чешмичката пред големиот градски парк.20525466_1385688171547757_170529264572943931_n 20525893_1385687858214455_3958297897203709625_n 20597501_1385687761547798_7662357344508529172_n 20604657_1385687951547779_520057383864877537_n 20604742_1385688041547770_4079269795364514330_n 20622169_1385688081547766_6805443677350599434_n

Comments are closed.

  vtoro122