Костадинов до “Курир”: Приказната за мене и Даскаловски нема да ви помине

kostadin-kostadinov

Сега вака,
Го читам текстот на “Курир” каде што во еден дел пишува дека односите помеѓу мене и мојот претседател Даскаловски биле влошени.Приказната нема да ви помине тоа е прво, од причина што односите помеѓу мене и Даскаловски никогаш не биле посилни , по суштински , поискрени . Напротив ние сме партија со силни демократски вредности и тоа на дело го покажуваме и јас , а и Даскаловски .Ние отворено дискутираме за сите прашања и заеднички ги решаваме .Обидот за да продадете приказна на раздор во нашата општинска организација е очаен и незначаен . Разбирам дека паниката пред локалните избори од уште еден изборен пораз е голема , имате проблем затоа што СДСМ ОО Струмица е кадарна партија и располага со луѓе кои народот ги сака и почитува.Општинската организација на СДСМ Струмица била е и ќе остане поим за тоа како се работи во функција на граѓаните .
Јас и Даскаловски и секој еден член од нашата организација ќе се бориме за доброто на народот , а не за личните интереси, затоа што знаеме дека едиснтвени и сплотени го победувавме злото кое беше надвиснато над нашата држава цели 11 години.
Тоа сме ние , такви и ќе останеме ПОБЕДНИЦИ.
Ви чинело тоа вас или не , ние нашата работа совршено добро и координирано ја работиме.
ФБ статус на Костадин Костадинов, в.д градоначалник на Општина Струмица

Comments are closed.

  vtoro122