Најпознатите предвидувања на Баба Ванѓа

Ванѓа се родила во 1911 година во Струмица.Како бебе била многу мала и родителите не знаеле дали ќе преживее, па затоа и некое време не и давале име.. На дванаесет години, поради несреќа која и се случила, таа ослепела. 

54d0d13e06502_vanga-1Поради нејзините способности во текот на животот ја посетиле околу 1 милион луѓе. Според статистиките повеќе од 80 проценти од нејзините предвидувања се оствариле. 

Ова се едни од најпознатите предвидувања на Баба Ванѓа.

Владимир ќе биде господар на светот а Русија повторно Империја

Таа во 1979 го најавила доаѓањето на Путин, како што многумина денеска сметаат. Пророштвото гласело вака: „се се топи, само едно ќе биде недопрено, славата на Владимир. Тој се трга од својот пат, и не само што ништо нема да му се случи, туку ќе стане и господар на светот. А русија повторно ќе биде империја. Интересно е што ова пророштво е кажано во време кога Русија не постоеше и не често се користеше како збор, туку СССР.

Ванѓа ги најавила и нападите на Њујорк, со зборовите дека ќе паднат браќата американци. Ќе се пролие невина крв, а волци ќе вијат зад збуновите. Да потсетиме дека Буш значи жбун.

Ќе се сретнеме со вонземјани

Пред самата смрт, Ванѓа најавила дека ќе се сретнеме со дојденците кои одамна живеат тука. Тие доаѓаат од планета која таа ја нарекла ВАМФИН. Таа се наоѓа на локација која е трета од земјата. Не прецизирала во која насока и колку далеку… Контактот е најавен за околу 200 години…

Во 2043 со Европа ќе владеат целосно муслиманите, а три години подоцна веќе ќе може да се сменат човечките органи целосно.

Американците ќе го нападнат муслиманскиот Рим во 2066 и ќе го применат своето моќно оружје за промена на климата.

Две децении подоцна ќе се појави нова болест, остарување за неколку секунди. Болеста ќе биде победена во 2097. Потоа во 2111 луѓето веќе ќе станат киборзи, односно измешани со машините…

Comments are closed.

  vtoro122