Костадинов: Да го празнуваме фудбалот и на 8. август сите да се гордееме што Скопје и Македонија се центарот на вниманието на фудбалска Европа

Во организација на Фудбалската федерација на Македонија, а со поддршка на општина Струмица, попладнето, на фудбалското игралиште со вештачка трева во Струмица се одржа Трофеј турата како дел од промотивните активности за Скопје Супер Куп 2017 кој ќе се одигра на 8 август во Скопје.20526314_1371300372923389_1267301931674017514_n
Целта на оваа тура беше да им се овозможи на сите заинтересирани љубители на фудбалот да се фотографираат со трите највредни трофеи на УЕФА, Супер Купот, УЕФА Лигата на шампионите, како и УЕФА Лига Европа.
На овој несекојдневен настан учество зедоа поголем број деца од локалните клубови кои играа фудбалски игри на различни делови од игралиштето. Учесниците и посетителите ќе ги поздрави вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.20638085_1371300186256741_4356074514190598356_n

-Драги дечиња од струмичките фудбалски клубови, денес Фудбалската Федерација на Македонија во соработка со Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, ви овозможува да бидете дел од фудбалските игри со кои го промовирате одржувањето на големиот Супер Куп кој ќе се одржи во нашата Македонија. Истовремено, ни се укажува исклучително убава и ретка можност, да ги видиме одблиску и да се фотографираме со трите највредни трофеи на УЕФА, трофеи кои високо биле кренати од рацете на најголемите европски и светски фудбалски ѕвезди, меѓу кои е и нашиот струмичанец – Горан Пандев. Ви посакувам драги дечиња да уживате во денешните фудбалски игри, и ве советувам, никогаш да не престанете да сонувате. Можеби ќе дојде ден кога некој од овие трофеи ќе се најде и во вашите високо кренати раце. Да го празнуваме фудбалот денес, а на 8. август сите да се гордееме што Скопје и Македонија се центарот на вниманието на фудбалска Европа, рече Костадинов.20622131_1371299936256766_5906055566996509000_n

Comments are closed.

popup11