Костадинов:Се е подготвено за успешен старт на Струмица Опен фестивалот

Пред библиотеката „Благој Јанков Мучето“ со почеток во 21 часот, вечерва, започнува шестото издание на Струмица Опен фестивалот. Се е подготвено за неговиот успешен старт и реализација на сите програмски содржини, ова е заклучокот од денешната средба на координаторите на културната програма со вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов. На средбата во неговиот кабинет, координаторите го информираа дека се е завршено за старт на програмските содржини, а Костадинов уште еднаш ја потврди неговата лична и поддршката на општина Струмица на оваа најголема културно – забавна манифестација.20596980_1370970449623048_6093950987480548560_n

-На оваа денешна средба со дел од учесниците и организаторите, констатиравме дека се е подготвено за успешен старт и успешна реализација на сите предвидени активности за овој фестивал. Почнувајќи од денес завршувајќи на 13. август, на шест отворени сцени, ќе се случат 20 убави настани, со кои се надеваме дека ке допреме до сите генерации, ќе ги погодиме сите вкусови. Буквално 11 дена Струмица ќе пулсира во духот на културата, музиката и забавата. Јас се надевам дека ќе наидеме на разбирање од граѓаните, особено во делот на гласната музика до доцните вечерни часови посебно во трите последни вечери од фестивалот. Секако ја искористам оваа можност, да апелирам до сите граѓани кои што ќе бидат присутни на Струмица опен фестивалот, да го почитуваат посебно јавниот ред и мир, секако и чистотата на нашиот град. За крај би сакал само да ве повикам сите и да посакам заеднички да уживаме во уште едно убаво издание на Струмица опен фестивалот, рече Костадинов.20597463_1370970446289715_4350846488287996219_nНа средбата присуствуваше и Васил Гарванлиев кој својот настап го има утревечер во летниот амфитеатар на италијанската вечер која што ќе започне во 21 часот.20525333_1370970452956381_4882903060519734658_n

-Многу ми е мило што конечно сум дома, во Струмица, за мене Струмица е мал – голем град. Струмица е фамилија. Само што имавме настан овде и сите заеднички ја поделивме нашата енергија. Сакам сите да ве поканам на Струмица Опен фест, имаме 11 дена и многу настани. Мојот е утревечер, ќе биде акустичен концерт, лесно и интересно, информативно и провокативно, кратко и слатко, водено на струмички пеено на италијански и дојдете и уживајте, рече Гарванлиев.20526040_1370970706289689_8028276501818272179_n

Comments are closed.

popup11