Манастирот ,,Св. Илија’’

Секоја година на втори август, многи струмичани заминуваат на место оддалечено 4 км од Струмица, во планината Еленица, да го прослават празникот Илинден во манастирот посветен на овој светец – Манастирот Свети Илија.
Се претпоставува дека црквата е изградена при крајот на XVI век, што може да се заклучи од иконите што потекнуваат од тој период.
Манастирот бил срушен во текот на неговото постоење и во 1923 г. на истите темели да биде поново подигнат и проширен во периодот од 1975 г. до 1984 г.
Овде е пронајдена и камен – плоча (денес изгубена) со старословенско писмо, која ако не била донесена овде, тогаш црквата би датирала од многу порано.

DCF 1.0
Манастирот е еднокуполен со претстава во куполата на Исус Пантократор (Вседржител), во пандантифите се претставени четворицата евангелисти: Марко, Матеј, Јован и Лука. Иконостасот на манастирот е изработен во дрво. Во склоп на црквата денес егзистираат и конаци.

DCF 1.0

DCF 1.0

Comments are closed.

  vtoro122