Заврши летниот турнир во мал фудбал во Муртино кој се одржа под покровителство на општина Струмица

Екипата на „Геминг центар Левел“ од Струмица го освои првото место на летниот турнир во мал фудбал кој што во изминатите 20 дена се одржа во населеното место Муртино. Организатор на овој спортски настан беше „Владе Банско“, а главен покровител општина Струмица.20526021_1369090266477733_3311014048641671079_n Во финалниот дел на турнирот во кој учествуваа 13 екипи, заслужено победи „Геминг центар Левел“ кој беше подобар од екипата на „Ван Ком“ од Бориево, а третото место го освои екипата на „Руски Комерц“ од Дабиле кој во малото финале ја победи екипата на „Коневи Арт мебел“.

20431182_1369090259811067_1876249420233441485_nНаградите на најдобрите екипи им ги врачија Ристо Секулов, советник за спорт во општина Струмица и Дончо Андонов од „Владе Банско“ организатор на турнирот.

Comments are closed.

popup11