Во петок во Струмица заедничката вежба на припадници на армиите на Република Македонија и САД

Општина Струмица ќе биде домаќин на заедничката вежба на припадници на армиите на Република Македонија и САД. Пред граѓаните на Струмица на ден 04.08. 2017 година (петок) во периодот од 18 до 20 часот пред домот на АРМ, ќе биде презентирана воената опрема на инженерскиот сквадрон на копнените сили на армијата на САД и на инженерскиот баталјон од Првата механизирана пешадиска бригада на АРМ, а ќе учествуваат и припадници на другите единици на АРМ за пружање на логистичка поддршка и воено полициско обезбедување. 20597429_1368408126545947_5365105059522738094_n (1)
Во оваа заедничка вежба двете армии ќе користат опрема која што се состои од воени теренски возила, лично вооружување, медицинска и заштитна опрема, како и опрема за детекција на експлозивни средства. Покрај презентацијата на опремата, а во делот на интеракција со локалното население ќе се одржи и фитнес сесија и детски натпревар – патека со пречки.
Целта на оваа заедничка вежба е зајакнување на довербата и билатералната соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Вооружените сили на САД, подобрување на стандардите на АРМ за влез во НАТО и демонстрација на вооружените сили на двете армии за помош и поддршка на цивилното општество.
Општина Струмица учествува со максимална поддршка и ставање во функција на сопствените ресурси за успешна реализација на оваа вежба.

Comments are closed.

popup11