Манастир “Св. Богородица Елеуса”

Една од убавините карактеристични за струмичкиот регион е и манастирот “Св. Богородица Елеуса” кој се наоѓа во селото Велјуса на околу 7 км. западно од Струмица и е подигнат на бигореста карпа. Манастирот е основан во 1080 година од сопствени средства на монахот Мануил, кој подоцна станал струмички епископ. Тој во Велјуса дошол од Халкедонскиот манастир – Св. Авксентиј, во малоазиската област Витинија, каде го поминал испосничкиот монашки живот.

271
За манастирот има многу пишани документи, од кои се позначајни : двaтa мермерни архитравa кои се поставени на влезот на манастирот. На првиот мермерeн архитрав е запишано (на грчки):

“Се обнови од основа овој храм на Пресвета Богородица Милостива (Елеуса) од монахот Мануил, којшто стана епископ на Тивериопол во годината 6588 (1080) индикт 3″, а на вториот мермерeн архитрав е запишано: “Бидејќи ги положив сите мои надежи во тебе, о Мајко непорочна и извору на милоста, јас пастир монах Мануил, Твој служител, ти го пренесувам Тебе, Владичице, овој храм”.

16

Манастирот ја има зачувано својата изворна архитектура и претставува единствен таков објект од XI век во Македонија. Манастирот е четириконхален и има три куполи со керамопластична декорација и полихромно оживување на фасадите. На јужната фасада на храмот под тремот се наоѓа велјушкиот крст, а таму се наоѓа и претставата на св. Онуфриј во пустина, посетен од монахот св. Панфнутиј.

На западната фасада над влезот во манастирот е претставата на Мануил, кој го држи во рака Велјушкиот манастир. Во централниот куполен простор е претставен Исус Христос Вседржител, а по него во тамбурот се насликани Пресвета Богородица Ширшаја, Св. Јован Крстител, двајца архангели и четворица пророци.

08

Во јужната купола посветен на Св. Спас е претставен Исус Христос Емануил, како 12 – годишно дете. Во наосот на црквата се наоѓа реконструкција на мермерната олтарна преграда, а подот е мозаичен со геометриски претстави.

09

Денес во манастирот живее монашкото сестринство на струмичката епархија, а постојат и придружни објекти: саат кула, фурна, ан и параклис (мала црква) посветен на Св. Апостол Паавле и Св. Григориј Палама.

18

Comments are closed.

popup11