Се одржа координативна средба за шестото издание на „Струмица опен фестивал“

Проектниот тим на „Струмица ОПЕН фестивал“ заедно со вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска, ја одржаа координативната средба за шестото издание на фестивалот.

1 (10)На средбата присуствуваа претставници на сите институциии и компании кои со своите надлежности го помагаат непреченото реализирање на настаните од културно-уметничката и забавната програма на манифестацијата.

Од „Културен забавен живот“ ја посочија потребата за максимална професионалност и координираност на сите институции за заштита на безбедноста на посетителите на плоштадот заради големиот број гости кои се очекуваат да пристигнат во Струмица за време на одржувањето на фестивалот.3 (5)

„Музичките концерти се оние кои бараат најголема логистика, но и одговорност од сите институции, како што се ЈПКД „Комуналец“, ЈП „Паркиралишта Струмица“, ЕВН, СВР Струмица, инспекторатите и обезбедувањето со што ќе овозможиме задржување на јавниот ред и мир, чистотата и безбедноста на посетителите“.1 (10)

Вршителот на должноста градоначалник Костадин Костадинов, потврди дека како и во минатите, така и оваа година, општина Струмица ќе ги вложи сите свои ресурси за непречено и безбедно реализирање на сите фестивалски содржини.

„Струмица ОПЕН фестивал“ ќе се одржи од 3-13 август, на 6 локации во градот со 15 настани и 20 концерти.

Comments are closed.

  vtoro122