Градоначалникот Костадинов и министерот Дураки потпишаа договори за реализација на три проекти од областа на животната средина

Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, денеска, потпишаа  договори за доделување на финансиски средства за три проекти од областа на животната средина. Договорите се потпишаа во кабинетот на министерот Дураки, а средствата се доделени согласно Програмата за инвестирање во животната средина за 2017 година.1 (9)

Општина Струмица во оваа Програма учествува со три проекти:

-Изработка на техничка документација за главен фекален колектор за ново урбанизираните урбани блокови во Струмица број 35-42, во вредност од 463.500 денари.

 2 (9)

-Регулација на поројот „Крушевска Република“ на потегот од улицата „Климент Охридски“ до уливот во реката Тркања со партерно уредување околу поројот, во вредност од 815.500 денари.

-Регулација на поројот „Свети Илија“ на потегот од бавна преграда до уливот во реката Водочница, во вредност од 1.358.000 денари.

Проектите ќе бидат реализирани во текот на оваа и идната година.

Comments are closed.

popup11