Се уништува тревата во поројот „Крушевска Република“

Како и секоја претходна, така и оваа година, јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“ во континуитет ги чисти пороите во градот. По комплетното собирање на разновидниот отпад и детално чистење на поројот „Крушевска Република“, денеска, денеска се вршеше прскање на истиот со препарат против сите видови треви и корови. Целта на оваа традиционална активност е искоренување на тревата со што покрај естетскиот изглед се подобрува и неговата функција, односно, се овозможува нормален проток на водата при врнежи од дожд.DSC_6018

Од „Комуналец“ апелираат до граѓаните кои живеат покрај овој порој, својот отпад да го фрлаат на места определени за него, а не во поројот, навика од која што тешко се ослободуваат.

Comments are closed.

  vtoro122