Рокенрол концерт во петок на 4-ти август во Струмица

На вториот од единаесетте фестивалски дена на програмата на Струмица ОПЕН ќе се случи голем рокенрол концерт. Настанот ќе биде во петок, 4 август од 22:00 часот на сцената на Чешмичката.POST_rocknroll

Овој рок концерт ќе биде продолжение на настанот Струмица во 60-тите и 70-тите кој беше реализиран во октомври 2016 година.

Истата екипа од 10-тина струмички таленти, средношколци и студенти предводени од Ивана Василева, Јовче Пандев и Љубомир Митровски ќе ги изведат најголемите рок класици односно музиката со која израснале нивните родители.

Comments are closed.

Capture