Во недела ќе се изврши авионско прскање против комарци

На ден 30.07.2017 година (недела), се планира да се изврши авио-третирање против комарци во раните утрински часови во периодот од 04:30 до 9:30 часот. Доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото, ќе се спроведе на 31.07.2017 година во истиот временски период. Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.prskanje-komarci

Comments are closed.

  vtoro122