СОФ 2017: Освојте дружење и фотографија со музичките ѕвезди!

Струмица ОПЕН фестивал од денес започнува двонеделна кампања #САКАМСЛИКАСО…1-OFFICIAL

 

Организаторите во соработка со менаџерските тимови на настапувачите ќе им овозможат на неколку среќни добитници по случаен избор да се запознаат и фотографираат со музичките изведувачи кои ќе гостуваат на годинашното издание на фестивалот.

Кампањата ја започна пејачката Александра Јанева која прва се фотографираше со среќното облаче и ја одбра Јелена Томашевиќ.

“#сакамсликасојеленатомашевиќ #направеносољубов - овие два хаштага ви се потребни за да бидете среќни добитници на фотографија со една од ѕвездите на #соф2017. Јас ја одбрав мојата, а среќното облаче поставено на плоштадот и вам може да ви донесе фотографија со омилената ѕвезда!”, рече Јанева на почетокот на кампањата.

На плоштадот на пулт на СОФ од вечерва па сè до 7 август ќе биде поставено облачето со натпис #направеносољубов. Секој кој ќе се фотографира со него и ќе ја сподели фотографијата на социјалните мрежи со хаштаговите #направеносољубов #сакамсликасо… и името на ѕвездата со која сака фотографија (пример #сакамсликасодиномерлин) ќе стане потенцијален добитник.

Фотографирајте се и освојте дружење и фотосесија со Дино Мерлин, Queen Real Trubute, Mystique, Јелена Розга, Ван Гог, Гаро и Браќа Тавитјан, Жељко Бебек, Јелена Томашевиќ, Сергеј Цетковиќ и многу други во бекстејџот на СОФ 2017!

Comments are closed.

  vtoro122