Сето она што не сте знаеле за Струмица или, можеби, сте го заборавиле…

Да ли знаевте дека?

*Струмица е еден од најстарите градови на Балканскиот полуостров и дека неговото постоење датира уште пред нашата ера?
*Првото име на Струмица е Астраион кое за првпат се споменува во 181 година пред нашата ера и  дека тоа означува – ѕвезден град? Второто име на градот е Тивериопол кое датира од римскиот период, а сегашното име – Струмица е словенско и се споменува во средновековните словенски документи.
Capture
*Легендата за името на градот е поврзана со ќерката на римскиот император Тибериј – Струма, која во името на љубовта извршила предавство на својот татко? Во близина на селото Баница се наоѓа невообичаен гроб кој се смета дека е гробот на Струма. Деветте бигорни слоеви на овој гроб се поврзуваат со делот од легендата во кој Тибериј ја проколнал својата ќерка девет пати да биде исфрлена од гробот.
*Заштитници на Струмица се ,,Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици’’, кои на овие простори го ширеле христијанството и поради тоа биле погубени на 11ти декември 362 година, од страна на служителите на римскиот цар Јулијан Отпадникот?
Capture
*Во близина на Струмица се случила познатата битка на Беласица помеѓу војските на византискиот император Василиј II и македонскиот Цар Самуил? Во битката настрадала Самуиловата 14 – илјадна војска која била ослепена. На секој стоти војник му било оставено едното око за да можат еднооките војници да ја одведат војската кај нивниот цар.
*Манастирските цркви и комплекси ,,Св. Богородица Елеуса’’ (с. Вељуса), ,,Св. Леонтиј’’ (с. Водоча), ,,Св. 15 Тивериополски свештеномаченици’’ (Струмица) и ,,Св. 40 Севастиски маченици’’ (с. Банско) ја вбројуваат Струмица како еден од најзначајните градови во Македонија, и на Балканот, во поглед на историјата на црковното градителство и недвижното културно наследство?
Capture
*Археолошкикот локалитет ,,Цареви Кули’’ кој се издига над Струмица е нем сведок за постоењето на повеќе цивилизации кои опстојувале на овие простори, и дека истражувањата на овој локалитет испишуваат докази за древната историја долга 7000 години?
*Доцноантичката римска терма (Бања Баско), која се наоѓа на 12 км источно од Струмица, претставува термоминерално лекувалиште од античко време и како такво е еден од ретките сочувани римски споменици од ваков вид во Европа?
*Во Струмица постои и споменикот на културата ,,Орта џамија’’ (11 – 12 век) под чии темели е пронајдена средновековна црква и остатоци од други епохи од постоењето на градот?
*Познатиот турски патеписец Евлија Челебија претстојувал во Струмица во 1670 година?
Capture
*Струмица со Струмичкиот карневал се прогласени за едни од дваесетте најатрактивни карневалски дестинации во светот?
*,,Меѓународната струмичка ликовна колонија’’ е најстарата (во континутет) манифестација од таков вид во Македонија?
*Струмица со својата околина е најземјоделскиот регион во Македонија?
*Струмица дала повеќе интернационалци во разни спортови како што се Истатов, Рингов, Ѓоргиев, Пандев, Попов, Стојков, Балдовалиев … (фудбал); Илиевски (кошарка), Русоманов, Наковски, браќата Горгиеви… (одбојка) и многу други?
Capture
*Струмичкиот спорт во екипна конкуренција досега се закити со пет државни шампионски титули?
*Дали знаете дека од 365 денови во годината, во Струмица дури 230 се сончеви денови и дека пријатното време е резултат на мешањето на медитеранската и континенталната клима?
фото: come2strumica.mk

Comments are closed.

popup11