Емотивните потреби на хороскопските знаци

На земјените знаци најважна им е сигурноста, на водените им треба љубов и прифаќање, огнените знаци постојано се во движење и сакаат да се истакнуваат, додека воздушните знаци сакаат предизвици.

love-man-woman-silhouette-sun-sunset-sea-lake-beachother1

Овен

На припадниците на овој огнен знак активноста им е потребна како и воздухот. Тие се изразуваат преку движење и акција, а предизвиците за нив се секогаш добредојдени. Ако не се први во нешто што им значи се чувствуваат поразено и исфрустрирано. На полето на емоциите не се секогаш зрели, па нивните чувства се менуваат во зависност од денот и часот.

Бик

Припадниците на овој земјен знак најмногу се фокусирани на материјалната сигурност, па затоа не сакаат умствени игри туку директни и искрени односи. Нивна најголема емоционална потреба е сигурноста, па ценат стабилни и самоуверени луѓе. Ја сакаат рутината и не сакаат ништо што им ги уништува плановите. Конкретните дела повеќе ги ценат од топлите зборови и прегратки.

Близнаци

За припадниците на овој знак типично е тоа што тешко се снаоѓаат во сопствените емоции, па многу време посветуваат на нивна анализа. Со оглед на тоа што се најпроменливиот знак во Зодијакот, најдобро функционираат ако околу нив постојано нешто се случува. Рутината го вади Близнакот од такт, а во односите бара нешто што постојано ќе го буди неговиот интерес.

Рак

Овој хороскопски знак е најемоционалниот знак во Зодијакот и многу е лесно да го повредите, а кога е повреден, тој не знае како и не може да ги сокрие своите чувства. Сака допири, комплименти и пофалби, а најдобро се чувствува кога е исполнет со љубов и е блиску до семејството. Важно му е да има некого за кого ќе се грижи, бидејќи копнее по блискост.

Лав

На припадниците на овој огнен знак потребни им се активности со кои ќе се докажуваат и со кои ќе привлечат внимание. Често претеруваат во изразувањето на емоциите, а за да се среќни им треба многу забава. Стануваат великодушни кога чувствуваат дека другите луѓе ги ценат, а најдобро се чувствуваат кога ќе почувствуваат дека во некој однос се незаменливи.

Девица

Припадниците на овој знак се навистина вредни работници кои сакаат да им угодуваат на другите, а најзадоволни се кога околината е свесна за нивната вредност. Секогаш им е потребно нешто за што ќе можат да размислуваат и нешто што ќе можат да анализираат, бидејќи во спротивно ќе им биде неподносливо досадно. Не сакаат претерано искажување на емоциите, па своите солзи ги кријат од другите. Сакаат да се чувствуваат корисно.

Вага

Припадниците на овој знак се исклучително друштвени, а бидејќи не се чувствуваат добро со самите себеси, тие се во вечна потрага по публика. За да не се досадуваат најчесто се преокупираат со работа, пуштаат гласна музика или зборуваат на телефон. Во односите сакаат некој кој ќе ги слуша и посоветува, а многу ја ценат и тимската работа и групното анализирање на работните и приватните проблеми.

Шкорпија

Припадниците на овој воден знак се опишуваат како ладни и таинствени, а тоа е начинот на кој тие се справуваат со емоциите. Тие не поднесуваат просечен живот, па не сакаат да се вклопат со масата и затоа се во вечна потрага по односи, хобија и работи со коишто ќе можат да ја покажат својата внатрешна енергија. Многу се поврзани со луѓето кои ги пуштиле доволно блиску во нивниот живот, па тешко им е кога некој ги напушта.

 

Стрелец

На припадниците на овој знак им се потребни активности и предизвици за да бидат задоволни. Без разлика дали е тоа самоедукација, држење предавања или исполнување на своите физички потреби, на Стрелците го прават тоа за да се ослободат од вишокот емоционална енергија во себе. Бидејќи понекогаш се претерано самоуверено, во блиските односи потребен им е некој кој ќе ги спушти на земја. Иако им е убаво дома, надвор секогаш се чувствуваат подобро.

Јарец

Припадниците на овој знак имаат вродена потреба за контрола, како и потреба за важни улоги во приватните и работните односи. Често се кажува дека Јарците се најмалку емотивни од сите знаци, но причините за тоа се ограничувањата кои постојано си ги поставуваат како и анализирањето на емоциите.

Водолија

Водолиите се борци за еднаквост, но целта не им е да привлечат големо внимание на себе. Имаат изградени уверувања кои ретко се менуваат и поради тоа на нивните емоции често им недостига длабочина. Потребно им е да се занимаваат со разни работи и нешто да создаваат, а претераните разговори за емоции често ги гушат. Во емоционалните врски потребни им се луѓе кои не бараат премногу од нив.

Риби

Припадниците на овој знак се најсензуалниот знак во Зодијакот. Исклучително се осетливи на надворешни надразнувања, а копнеат по одобрување, разбирање и љубов. Најдобро се чувствуваат кога имаат цел и кога работат на неа, а за тоа им се потребни сигурност и поддршка. Бидејќи не се површни, за блиски односи треба да бираат луѓе кои не се премногу емоционално воздржани.

 

Comments are closed.

popup11