Младинците на Академија Пандев одиграа без голови против Евертон

Младинскиот тим на ФК Академија Пандев го одигра прeмиерниот меч на меѓународниот турнир GENERALI CEE Cup кој се одржува во Прага. Противник во првиот дуел од групата беше ФК Евертон, а натпреварот заврши без погодоци 0:0.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

Нашиот тим започна со: Денковски, Тасев, Трајков, Делевски, Скендери, Ѓоргичков, Димовски, Велиновски, Спасов, Гоцески и Рамовски. Подоцна во игра влегоа Крстев, Колев и Ивановски.

Следен противник на младинскиот тим на ФК Академија Пандев е екипата на Ѓер од Унгарија со која играме утре.

Меѓународниот турнир GENERALI CEE Cup ќе трае до 26 јули, а на него учествуваат играчи до 19 години, од европските клубови од централна и источна Европа.

Comments are closed.

  vtoro122