Костадинов присуствуваше на промоцијата на книгата „Мојот професор, пророк“ од Вера Стојчевска – Антиќ

Синоќа во центарот за култура „Антон Панов“ се одржа промоција на книгата „Мојот професор, пророк“ од професор д-р Вера Стојчевска – Антиќ, посветена на великанот на македонската научна мисла и литература, Блаже Конески. 20228922_1358193824234044_2172120241645502849_nОвој убав културен настан се реализираше со поддршка на општина Струмица, а на истиот присуствуваше и вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов.
За книгата зборуваше промоторот д-р Ана Витанова Рингачева, стихови од конески кажуваа Сузана Мицева, Мариета Дукиќ и Ице Беличев, а на присутните им се обрати и авторката, споделувајќи спомени од нејзината соработка со Блаже Конески.20229183_1358193817567378_2974295905941367888_n
Вршителот на должноста градоначалник на општина Струмица, Костадин Костадинов и професор д-р Вера Стојчевска – Антиќ, денеска, ја посетија црквата „Св. Георѓи“ во селото Муртино каде што беше промовирана и донирана книгата „Почувствувај ја Македонија со шестото сетило“ – циклус во која има дел и за оваа црква.20108273_1358194084234018_8330475792183699357_n 20108493_1358193940900699_2001249000055400574_n 20228902_1358193820900711_3577653501798903567_n

Comments are closed.

popup11