ФК Академија Пандев ја одигра втората контролка против ФК Победа од Прилеп

Во подготовките за ПМФЛ, Пандевци ја одиграа и втората контролка. Првиот тим сѐ уште интензивно се подготвува за предизвикот ПМФЛ во Банско. Го одиграа и вториот контролен натпревар против ФК Победа на кој изгубија со минимална разлика 0:1.

ФОТО: ФК Академија Пандев

ФОТО: ФК Академија Пандев

„Задоволен сум од прикажаното, но се уште има делови од играта каде треба да работиме повеќе. Има и време и место за напредок. Создадовме доста шанси, но за жал не ги искористивме. Во нашиот состав имаме осум играчи кои се под 22 години кои имаат голем потенцијал. Исто така имаме три играчи на проба кои ќе бидат со нас до крајот на подготовките, па ќе одлучиме што со нив. Задоволен сум и како се движевме, иако работиме напорно на тренинзите“- изјави директорот на клубот Југослав Тренчовски.

На натпреварот, можност да заиграат добија: Вујанац, Вареловски, Маневски, Темелков, Димов, Томовски, Родан, Бери, Михаилов, Ефремов и Енди. Во вториот дел влегоа и Алчевски, Атанасов, Марков и Чешмиџиев.

Следниот контролен натпревар е против ФК Неа Саламина од Кипар.

Comments are closed.

  vtoro122