Ученици од СОУ „Јане Сандански“ на светски натпревар по англиски јазик во Атина

По одржувањето на преелиминарниот натпревар во Дубаи, тимот од средното општинско училиште „Јане Сандански“ во состав Ивана Цветанова, Магдалена Стојанова и Тијана Иванова под менторство на професорката Верица Јанковa,денеска, заминуваат на полуфиналниот натпревар по англиски јазик кој што ќе се одржи во Атина, Република Грција. Според професорот Јанковска, натпреварот опфаќа повеќе вештини, како што се дебата, предизвик, квиз на знаења од сите области на образованието и пишување есеи на дадена тема. 20217188_1383133268452112_50969797_nОвој светски ученички куп се одржува во организација на универзитетот ЈЕИЛ од САД, каде што ќе се одржи и финалниот дел на натпреварот.

Comments are closed.

Capture