Вардар го пречекува Малме во клалификациите од ЛШ од 2 коло на Младост во Струмица

Фудбалскиот шампион на Македонија, Вардар, денес го игра најважниот натпревар на стадионот „Младост“ во Струмица.

Вардар има голема и тешка задача, а тоа е да го елиминира шведскиот првак Малме на реванш дуелот од 2. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

ФОТО: ФК Вардар

ФОТО: ФК Вардар

Во првиот натпревар резултатот беше 1:1 а тоа е одличен резултат за Вардар кој го постигна пред една недела на гостувањето во Шведска. Вечерашната пресметка е доста неизвесна, но и понатаму останува Малме.

Доколку „Црвено-црните“ успеа да го елиминираат Малме, а во оваа намера имаат реални шанси, тогаш како противник во третото коло Вардар би го имал дански Копенхаген, кој е на добар пат да ја елиминира Жилина од Словачка.

Натпреварот помеѓу Вардар и Малме се игра на стадионот „Младост“ во Струмица денес со почеток од 18 часот.

Comments are closed.

  vtoro122