Власис Влаикидис повторно ќе ги води струмичките кошаркари

На клупата на прволигашот од Струмица, уште еднаш, односно повторно ќе седне еден тренер од Грција. И тоа доста добро познат на струмичката кошаркарска јавност.

Човекот кој на овој град му ја подари првата кошаркарска шампионска титула132625-vlasis-vlaikidis-kje-ja-vodi-strumica

Се работи за 52-годишниот Власис Влаикидис, грчки стручњак има завршено Факултет за физичка култура во Нови Сад, во класата на еден од најпознатите српски тренери Душан Ивковиќ, каде специјализирал на отсекот кошарка.

По тригодишната работа во Војводина од Нови Сад, Влаикидис, како асистент на Србинот Драган Шакота во солунски ПАОК, во 1991 година го освои Купот на победниците на куповите. Потоа пет години му бил помошник на Жељко Павличевиќ во Панатинаикос.

 

 

 

повеќе на: спортмедиа.мк

Comments are closed.

maski1